-->
-->
Петровиќ го освои првиот фјучрс во Скопје
-->
Српскиот тенисер Данило Петровиќ (црна маица) триумфираше на фјучрсот во Скопје што заврши синоќа. Тој во финалето по голема борба со 2-1 во сетови и повеќе од три часа игра го совлада Александар Милер од Франција и со тоа ја оправда улогата носител број 1 на турнирот.
Првиот сет Петровиќ го доби со 6:3 во гемови, а следниот му припадна на Милер со 6:4, а во решавачкиот сет беше 7:6 и во тај брекот 8:6 на поени за Петровиќ. Ова за него е 8.ма турнирска победа на фјучрс турнир. Во првото коло Петровиќ беше подобар најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски.
Во конкуренција на двојки Јотовски заедно со Александар Лазов од Бугарија во два сета во саботата ги победија Петровиќ и Небојша Периќ од Србија.
Денеска на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се играат мечевите од третото коло од квалификациите од вториот фјучрс турнир во Скопје, кој ќе почне од утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024