Македонија
16. October 2017 - 14:32

Петре Шилегов прогласи победа во првиот круг

Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни во Скопје имаме победа во првиот круг, порача денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

- Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните - раче Шилегов.