Петнаесет сообраќајки во Скопје, повреден патник во автобус
Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во седум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, пет возачи за недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница и тројца возачи за некористење на заштитен шлем. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 95 непрописно паркирани возила.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и едно технички неисправно возило, 16 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 55 возила.
Oдделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „25 Мај“’, објект „Синоличка“, која се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот