Македонија
10. February 2018 - 12:00

Петнаесет мигранти во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ чекаат да бидат вратени во Грција

Петнаесетина мигранти од Пакистан, Шри Ланка и Авганистан моментно престојуваат во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија каде се сместени откако биле фатени од пограничната полиција по нелегалното влегување на територијата на Република Македонија и таму ќе бидат се до нивното враќање во Грција.

Според информациите од пограничната полиција, на котата 59 нема мигранти, а ситуацијата е мирна и стабилна.

Од страна на подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, по редовниот увид на ПТЦ „Винојуг“ е констатирано дека мигрантите се сместени во контејнерите за престој и ноќевање. Според оценката, хигиената во транзитниот центар е на задоволително ниво и се одржува редовно и континуирано, а во сите објекти кои се празни и исчистени била извршена дезинфекција.