Петнаесет ирачки граничари убиени во напад на ИД
Терористичката групација Исламска држава (ИД) нападна пограниченен пункт на ирачките безбедносни сили на границата со Јордан, при што загинаа најмалку 15 ирачки граничари, јави БТА.
- ИД изврши напад со автомобил бомба и пешадија против Вториот пограничен полк близу Требил (град што се наоѓа околу 500 километри западно од Багдад)... Нападот е извршен од неколку правци. Во него се убиени 15 граничари, од кои двајца офицери, изјави офицер кој побарал анонимност.
Претставник на шиитските милитантни групи кои дејствуваат во западната провинција Анбар, изјави дека им помогнале на граничарите да го одбијат нападот.
Ирачките сили ја вратиле контролата врз голем дел од провинцијата, односно градовите Рамади и Фалуџа, но џихадистите се уште ги држат пустинските области, кои опфаќаат и делови Сирија.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника