Свет
21. January 2016 - 8:48

Петмина загинати при уривање на мал авион врз комбе со патници во Бразил

Најмалку пет лица загинаа, а уште петмина се ранети, откако мал авион се урна врз комбе со патници во јужниот дел на Бразил, информира агенцијата Ксинхуа.

Инцидентот се случил во градот Лондрина, додека авионот изведувал земјоделски работи.

Патниците во комбето биле работници кои во близина граделе автопат.