Свет
17. April 2017 - 15:50

Петмина загинати откако се урна мал авион во станбен кварт во Лисабон

Во близина на супермаркет во станбен кварт во Лисабон денеска се урна мал авион. Според првичните информации загинале најмалку пет луѓе - четворица кои биле во авионот и еден на земја.

Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот што е во близина, оддалечен околу 20 км западно од Лисабон. Пилотот кој загинал е од Швајцарија, тројцата патници биле Французи, а на земја настрадал возач на камион, Португалец. 

https://