Македонија
2. February 2021 - 11:31

Петличковски: И без британскиот сој може да се зголеми бројката на заразени

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски во Студио 10 истакна дека можно е и без британскиот сој на коронавирусот да се зголеми бројката на заразени, зошто сме олабавени повеќе сега.

„Ќе има и уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на движењето на епидемијата која сиима свој предвидлив тек. Ништо спектакуларно нема со откривањето на човек пациент кој бил инфициран со британскиот сој.“ - вели Петличковски.

Тој вели дека нема простор за паника, иако овој сој е позразен и во оваа фаза имаме постигнато солидно ниво на колективен имунитет и ни недостасува малку додаток на уминиација со вакцини. Британскиот сој не е присутен од вчера тука, туку е присутен месеци наназад. Тој смета дека е доцна за воведување на рестрикции кои ништо не би смениле. Нема разлика во клиничката слика, а фокусот треба да се стави на вакцинација на поголем број на луѓе.

„Овој вирус е со пониска стапка на мутации од вирусот на грип,“ смета Петличковски.