Петков заминува во посета на Ватикан и Италија
Бугарскиот премиер Кирил Петков заминува во посета на Ватикан и Италија, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
Посетата е по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, словенската азбука, образованието и културата и словенската литература – 24 мај, а премиерот и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Константин-Кирил филозоф. Литургија ќе отслужи о неговото Високопреосвештенство Митрополитот Западно-Средноевропски, Антониј. Потоа Петков и бугарската делегација ќе се поклонат на моштите на св. Кирил.
Папата Франциск ќе се сретне со бугарската делегација во Апостолската палата во Ватикан, по што Петков ќе оствари средба со државниот секретар на Светата столица – кардиналот Пјетро Паролин.
Во базиликата Свети Петар премиерот ќе положи венец на олтарот на Св. Папата Јован Павле Втори, единствениот словенски папа во историјата на Римокатоличката црква.
Бугарскиот премиер за време на посетата на Италија ќе се сретне и со неговиот колега Марио Драги. Двајцата шефови на влади ќе разговараат за билатерални прашања и актуелни теми од европската агенда.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација