Петков: Долгорочно Северна Македонија треба да биде дел од Европската унија
Долгорочно гледано Северна Македонија треба да биде дел од Европската унија и мора да се заштитат правата на Бугарите во земјата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за софиската Нова ТВ.
– Затоа мора да се надмине политичката реторика и да се работи, нагласи Петков, додавајќи дека бугарското вето за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде повлечено тогаш кога ќе биде „завршена работата“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.
– Целосно ќе се бара заштита на бугарскиот интерес, додава Петков.
Во изјавата, Петков вели дека во Бугарија има обиди „да се продаде идејата за отстапување или неотстапување“ од бугарската позиција кон Северна Македонија, но дека вистината е оти долгорочно Северна Македонија треба да е дел од Европската унија.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи