Фудбал
4. јуни 2017 - 9:22

Петарда направи хаос во Торино

Јувентус убедливо загуби во финалето од ЛШ од Реал Мадрид, но хаосот се случи во Торино  каде симпатизерите на Јувентус мечот го следеа на голем видео бим на плоштадот. Во еден момент се случи хаос кога се слушна силна експлозија. Навивачите во паника бегаа на сите страни и се создаде стампедо. 
 
Во мешаницата, повеќе навивачи беа повредени Подоцна било потврдено дека се работи за пукната петарда, а не за бомба.