Пет лица, меѓу кои три деца повредени во тешка сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар
Пет лица се повредени во сообраќајката на автопатот Тетово – Гостивар што се случи утрово околу седум часот кај клучката за Камењане.
Во несреќата учествувале три возила, „цитроен” со скопски регистарски таблички, „мерцедес” со британски таблички и „рено меган” со тетовски регистарски ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
-Од повредените пет, три се деца, а две женски лица. Сите се полесно повредени но се однесени во тетовската клиничка болница за да добијат лекарска помош. Поради сообраќајката извршен увид од страна на стручните служби на СВР Тетово и јавен обвинител што резултира со застој во сообраќајот на автопатот кон Гостивар. По два часа околу 9 часот сообраќајот е нормализиран, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Додека траел увидот, дел од возилата биле пренасочувани кон алтернативниот пат за Гостивар, на регионалнцата делница 1206 Тетово – Пирок.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок