Спорт плус
16. September 2015 - 11:18

Пет кандидати за ЛОИ 2024

Будимпешта, Хамбург, Лос Анџелес, Париз и Рим се кандидати за домаќин на летните олимписки игри во 2024 година, објави Меѓународниот олимписки комитет(МОК) во среда наутро.
Името на градот домаќин ќе биде објавено во Лима во септември 2017 година.
Торонто и Баку, кои покажуваа интерес за организација на најголемиот спортски настан, на крајот се откажаа, а како градови фаворити кои би можеле да ги наследат Рио(домаќин во 2016) и Токио(2020) се споменуваат Лос Анџелес и Париз.