Фудбал
16. September 2016 - 13:35

Пет гола пет средби, рекорд на Недељковиќ

Игор Недељковиќ напаѓачот на Силекс, кој ја игра втората сезона во Првата македонска лига, направи нешто што досега никој го нема направено.
 
Имено, тој беше стрелец на сите пет средби на Силекс, во почетните пет кола. Серијата ја започна во првото коло со постигнатиот погодок во Тетово против Шкендија за 1:2. Потоа во второто коло стрелаше за водство и победа против прилепска Победа(2:1). Во следното, трето коло со Брегалница во Кочани прецизно биеше за 2:0. На наредното коло против Македонија ЃП, го донесе Силекс во водство од 1-0 и на последниот натпревар против Работнички на Градскиот стадион во Скопје го ублажи поразот на Силекс(3:1). На сите пет натпревари Недељковиќ се запиша во листата на стрелците, на три од нив беше прецизен од белата точка, а дури четири постигна во вториот дел од натпреварот.
 
Голем потенцијал е овој 23-годишен српски интернационалец, тоа го докажа и претходната сезона со вкупно 16 постигнати погодоци, а летово се поврзуваше и со трансфер во Шкендија кој не се случи, но многу веројатно е дека наредната сезона Недељковиќ ќе биде мета на многу поголеми клубови.
 
извор: полувреме.мк