Џет-Сет
8. January 2019 - 11:00

Пет години затвор за актерот Кевин Спејси

Американскиот актер Кевин Спејси денеска пред окружниот суд во Нантакет, во државата Масачусетс, се изјасни дека не е виновен за сексуално вознемирување на 18-годишно момче во 2016 година.

Тоа е прв негово појавување пред судот од кога се појавија обвиненијата кон крајот на 2017 година за бројни наводни сексуални вознемирувања на момчиња, пренесе АП. Судијата Томас Барет нареди Спејси да стои подалеку од момчето и неговото семејство, заради што нема да се појави на следното сослушување закажано за 4 мартт, но ќе мора да биде телефонски достапен.

Истовремено, судијата нареди момчето кое го обвини Спејси и неговата тогашна девојка да ги сочуваат текстуалните пораки и други податоци на мобилните телефони забележани тој ден кога дошло до наводно селсуално злостаување, како и податоци забележани шест месеци по инцидентот.

Неговите адвокати ги нарекоа обвиненијата лажни и велат дека нема сведоци за да потврдат дека дошло до сексуално злоставување. Како што велат, момчето лажело за годините, прифатил пијачка од Спејси и излегол со него од барот на цигара, по што му го дало неговиот телефонски број, што според нив може да се протолкува како „взаемен флерт и ништо повеќе“.

Ако судот го прогласи за виновен, Спејси може да биде осуден на затворска казна од 5 години. Американскиот актер е еден од десетината мажи во филмската индустрија кои се обинети за напаствување во рамки на движењето #MeToo.