Ракомет
22. April 2016 - 14:46

Песоа ќе го „брани“ ЖРК Вардар

Репрезентативката на Бразил Мајса Ракел де Оливеира Песоа е новото засилување на ЖРК Вардар на голманската позиција. Таа во редовите на македонскиот првак ќе дојде од ривалот во полуфиналето екипата на Букурешт. 
Песоа има 31 година и во европските екипи има настапувано за Иси (Франција), Динамо Волгоград (Русија) и Букурешт (Романија). Нејзин најголем успех во кариерата е освоениот златен медал со Бразил на Светското првенство 2013 година во Србија. 
- Имам добро чувство за Вардар, можам да кажам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи, кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене, нова авантура, изјави Песоа за интернет страницата на ЖРК Вардар. 
Новото засилување на ЖРК Вардар ќе биде дел и од селекцијата на Бразил на Олимписките игри во Рио каде оваа селекција важи за еден од фаворитите за освојување на медал.