Свет
19. јуни 2020 - 16:25

Песков: Трамп не е марионета на Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Доналд Трамп не е марионета на Владимир Путин, коментирајќи ги обвинувањата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател манипулирал со својот американски колега.

– Не, Трамп не игра онака како што Путин свири. Тоа што Путин го мисли за Трамп повеќе пати и лично го има кажано во бројни интервјуа, рече Песков.

Тој додаде дека Путин не смета дека е можно лесно да се манипулира со Трамп.

Болтон објави книга со мемоари под наслов „Собата каде што тоа се случи: Мемоарите на Белата куќа“, во која наведува дека Трамп ги ублажил своите ставови за Венецуела, откако разговарал со Путин.