Песков: Киев да ги прифати барањата на Русија за преговори
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори.
– Чекаме Киев да ги прифати барањата на Москва и да ја сфати „де факто“ ситуацијата, реалната ситуација што постои, истакна Песков.
Неговата изјава е коментар на предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер – Западот да се откаже од обидот воено да ја порази Русија во Украина. Тој ја потенцира потребата Киев да се убеди да се врати на преговарачка маса.
Кисинџер на 23 мај на Светскиот економски форум во Давос оцени дека постигнувањето на неутрален статус на Украина и нејзиното позиционирање како мост меѓу Русија и Европа може да се замисли како крајна цел во сегашната ситуација.
Тој наведе дека преговорите треба да започнат во следните два месеци, пред конфликтот да создаде такви пресврти и тензии, што нема лесно да се надминат.
Според Кисинџер, „идеалната линија на поделба треба да се врати на ’статус кво’, како пред конфликтот“, сугерирајќи дека Украина треба да се согласи да се откаже од поголемиот дел од Донбас и од целиот Крим.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше предлогот на Кисинџер, споредувајќи ги неговите ставови со оние на нацистичка Германија во 1938 година.
Ново на Сител
-
Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за Комисијата за европски прашања
-
ССМ со протест пред МТСП за линеарно зголемување на платите
-
САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето
-
Во Скопје состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ ЕУ
-
Самит на НАТО во Мадрид, на агендата нов стратешки концепт
-
Состојба на патиштата
-
Ен-би-си њуз: Бајден планира да најави зголемување на военото присуство на САД во Полска
-
Сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи