Македонија
13. November 2017 - 14:38

Пешак загина во сообраќајка кај Арачиново

Во сообраќајка што се случила вчера во близина на скопско Арачиново загинал пешак. Возачот го напуштил местото на сообраќајката.

Како што соопшти полицијата, вчера на автопатот-обиколница на град Скопје во непосредна близина на надвозник за село Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак кој починал на самото место. Возачот на автомобилот го напуштил местото на сообраќајката.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај пешакот. Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возач и возилото.