Македонија
15. March 2018 - 10:28

Пешак повреден во Кавадарци

Пешак бил повреден откако бил удрен со возило вчера во Кавадарци, по што бил префрлен во кавадаречката болница, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата „7 Септември“.

- Патнички автомобил марка „Пежо 206“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од Л.С.(66) од Кавадарци, удрил во пешакот Г.С.(25) од Кавадарци, при што пешакот со телесни повреди е пренесен на лекување во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, појаснува Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица од Кавадарци.