Македонија
23. January 2020 - 8:38

Пешак потешко повреден во сообраќајка во Скопје

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило и едно нерегистрирано возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 56 возила.

Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.