Македонија
10. September 2015 - 12:24

Пензионерка од Скопје добитничка на седумка од НовоЛото

Пензионерка од Скопје е добитничка на седумка од 71. коло на НовоЛото вредна 6.000.000 денари.

Од Државната лотарија на Македонија наведуваат дека добитничката, која сака да остане анонимна,е долгогодишен играч на игри на среќа.

- Лотото е мојата забава. Пополнувањето на комбинациите со бројчиња е мој ритуал, а очекувањето на извлекувањата секогаш ме држи во исчекување и ме исполнува со возбуда. Емисиите се куси и интересни за гледање. Емисијата во која беа извлечени токму моите броеви, ја изгледав со задоволтсво, ги запишував бројчињата кои се извлекуваа на лист хартија, а дури потоа ги споредив со моите уплатени броеви. Чувството дека се извлекоа  моите  7 бројчиња беше неверојатно, вели добитничката на последната седумка.

Играла четири колони по седум броеви, кои биле избрани по датумите на родендените на своите најблиски.

Ова е 12-та седумка, а четврта во 2015 година.