Свет
17. September 2016 - 8:52

Пентагон: Убиен „министерот за информации“ на ИД

Силите на меѓународната антиџихадиситчка коалиција предводени од САД, при воздушни напади во Сирија убија висок претставник на групата Исламската држава (ИД), соопшти синоќа американското Министерство за одбрана.  

Во соопштението се наведува дека станува збор за Вали Адил Хасан Салман ал Фајад, кој во хиерархијата на ИД ја има улогата на „министер за информации“.

Фајад бил убиен при напад на коалициските авиони во близина на сирискиот град Рака на 7 септември.