Loading Video...
Свет
17. August 2018 - 16:37

Пентагон тврди дека Кина тренира воени пилоти за напади врз САД

Ова не е реклама за филм туку видео со кое кинеската  војска повикува на регрутација. Во видео материјалот насловен како И јас сум кинески војник, нараторот вели Мирот е зад мене, а војната пред мене, реченица  која го крена алармот во Пентагон.

Но, она што најмногу  ги заинтригира американците е воениот асортиман прикажан во воениот спот кој финишира си прикажување балистички ракети. Дека воената моч на Кина не е далеку од она што со гордост се прикажува во видеото, укажува и најновиот извештај на Пентагон во кој се тврди дека Пекинг активно ја развива флотата на воени авиони и најверојатно тренира пилоти за напади врз САД .

Си Ен ЕН повикувајки се на воени извори , пренесува деќа во последниве три години Народно ослободителната армија на Кина многу брзо го проширила подрачјето на оперирање на своите воени авиони, така што има стекнато искуство во поморските региони. Згора на ова, Кина забрзано работи на развивање на нуклеарната технологија на своите бомбардери со далечен дострел, кои веројатно ќе бидат функционали за десет години.

Пентагон тврди дека тука не завршуваат воените амбиции, туку дека кинезите  ги развиваат своите капацитети и за војување во вселената.

Пекинг ги отфрли ваквите обвинувања, обвинувајки го  Вашингтон дека се уште размислува како да е во ерата на  студената војна. Најновиот извештај на Пентагон доага во време на тензии мегу САД и Кина поради трговските царини  и активностите на Пекинг во Јужното кинеско море и Тајван.