Свет
23. October 2021 - 10:19

Пентагон соопшти колку американски војници починале од Ковид-19

Бројот на американски војници кои починале од компликации предизвикани од Ковид-19 достигна 70, пишува американскиот весник Милитари тајмс. Изданието нагласува дека во последните денови во вооружените сили на САД, како и во целата земја, постои тенденција да се намали смртноста од последиците од инфекцијата со коронавирус по нејзиниот нагло зголемување во крајот на јули, по што оваа бројка во вооружените сили е повеќе од двојно зголемена во споредба со целиот претходен период од почетокот на пандемијата. Така, од 13 до 20 октомври (најнови податоци), тројца војници починале од Ковид -19, што е најнискиот неделен број од август, а за октомври – 11 смртни случаи поради таа причина.

Според весникот, американската армија регистрирала вкупно 248.865 случаи на заразени со Ковид-19, од 13 до 20 октомври – 1.282, а во претходната недела – 863. Додека во август оваа неделна бројка во просек изнесувала над 4 илјади случаи на заразени. Од септември почна постепено да се намалува.

Според портпаролот на Пентагон, мајорот Чарли Диц, само еден од војниците кои починале од Ковид-19 бил делумно вакциниран против оваа болест. „Ниту еден од војниците што починаа од Ковид-19 не беше целосно вакциниран“, изјави тој за изданието.

Бројот на американски војници кои одбиваат да се вакцинираат моментов не надминува неколку стотици. Досега, според „Милитари тајмс“, помалку од 10 отсто од воениот персонал не се вакцинирани против Ковид-19. Тие мора да се вакцинираат до ноември-декември или може да бидат казнети, па дури и отпуштени.

На 24 август, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди задолжителна вакцинација против Ковид-19 во вооружените сили на САД.