Свет
16. December 2019 - 9:22

Пентагон: САД ги користат базите во Турција само со дозвола од Анкара

САД ги користат турските воени бази, вклучувајќи ја и воздухопловната база Инџирлик, само со дозвола на Анкара. Така коментираше Пентагон за изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за затворање на базите Иннџирлик и Куреџик доколку Вашингтон воведе санкции кон Анкара заради руските ракетни системи С-400.

„Присуството на американски сили во турските бази, вклучително и базата Инџирлик, се спроведува со дозвола на турската влада. Ние го гледаме статусот на нашите сили во Турција како симбол на нашата долгогодишна посветеност да соработуваме и да го заштитиме нашиот сојузник и стратешки партнер на НАТО“, јави Тасс пренесувајќи изјава на Пентагон.

Тие истакнуваат дека Турција „придонесува за (мисиите) на НАТО во Авганистан, Косово, Ирак и е „важна“ за целите на националната стратегија за одбрана на САД.

„Пентагон се обидува да го задржи тој однос, и  ја повика Турција да води поконструктивна политика за С-400 и другите области на несогласување“, додава Пентагон.