Пентагон: Русија гради воена база во Сирија
Неодамнешните потези на Русија во близина на сириското пристаниште Латакија укажуваат на тоа дека Москва планира на оваа локација да гради воздухопловна воена база, а таму веќе испрати доволно луѓе и воена опрема, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
Русија, пак, и натаму тврди дека воената опрема ја испраќа во Сирија за да и помогне на владата на оваа земја во борбата со Исламска држава (ИД), пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
-Постојат знаци дека Русија распоредува луѓе и опрема во областа Латакија и аеродромот во близина на ова пристаниште што укажува на тоа дека планира да воспостави некој вид воздухопловна база на таа локација, рече Дејвис, додавајќи дека Вашингтон е загрижен дека руските воени потези би можеле да бидат во конфликт со воздушните напади против ИД кои ги спроведуваат САД и земјите членки на коалицијата која се бори против оваа терористичка организација.
Американските официјални претставници, исто така, стравуваат дека поддршката на Русија кон Сирија би можела да го зацврсти режимот на претседателот Башар ал-Асад и да ги ископлицира неодамнешните напори за изнаоѓање политичко решение за конфликтот, наведува Би-Би-Си.
Два руски авиона, со околу 80 тони хуманитарна помош, пред неколку дена слетаа на аеродромот кај Латакија, во екот на тврдењата дека Москва ја засилува воената поддршка на својот сојузник Дамаск.
Претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал мајор Игор Конашенков, изјави дека со авионот „Антонов Ан-124“ била донесена хуманитарна помош во вид на основни производи и храна за цивилите, како и опрема за изградба на камп во кој би биле сместени повеќе од 1.000 бегалци.
Ново на Сител
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг
-
Муцунски: Треба да се исцрта јасен пат за нашата евроинтеграција, покажавме посветеност, го очекуваме тоа и другата страна
-
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили избран за претседател на Грузија
-
Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки
-
Во возило од градски превоз во Велес пронајден мртов 60-годишен маж