Свет
7. August 2017 - 0:37

Пенс демантира дека планира да го замени Трамп од 2020 година

Потпретседателот на САД Мајк Пенс демантираше дека размислува за кандидатура за претседателските избори во 2020 година.

Пенс нагласува дека написот во Њујорк тајмс е лажен и го нарече „срамотен и навредлив“.

– Наводите во текстот се лажни и претставуваат само обид на медиумите да јаподелат актуелната администрација, наведе Пенс во соопштение.

Њујорк тајмс објави дека одреден број функционери на Републиканците се групираат во „кампања во сенка“ за изборите во 2020 година и тоа без знаење на претседателот Трамп. Во текстот се додава дека партиските советници им сугерирале на донаторите на Републиканската партија дека Пенс планира да се кандидира ако тоа не го направи Трамп.