Ракомет
5. May 2017 - 8:37

Пенезиќ: Двете екипи добро се познаваме

Хрватската репрезентативка во редовите на Вардар, Андреа Пенезиќ е најефикасната ракометрка сезонава во Лигата на шампионите со можност така да остане и по одигрувањето на последните четири дуели од Ф4 турнирот во Будимпешта. Таа има постигнато 87 голови, или три повеќе од Ана Грос од Мец и седум од Карен Ригелут од Ларвик.

За полуфиналето со Букурешт, истакна:
- Тоа е реприза на ланскиот натпревар од полуфиналето. Двете екипи добро се познаваме. За да победиме ќе мора да играме концентрирано и смирено, а ќе видиме што ќе биде. Воедно најдобрите четири екипи се на завршниот турнир и сите имаат подеднакви шанси за конечен триумф.