Македонија
7. January 2021 - 13:09

Пендаровски по настаните во САД: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на својот профил на Твитер порача дека насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата изразувајќи сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон.

-Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани, напиша Пендаровски.