Македонија
22. April 2019 - 13:34

Пендаровски: Очекувам убедлива победа на 5 мај

Кандидатот за претседател на владејачката коалиција Стево Пендаровски е задоволен од вчерашните резултати од првиот круг на гласање на претседателските избори. Тој очекува сигурна и убедлива победа и на 5 мај кога се одржува вториот круг гласање.

- Ги разбирам граѓаните кои вчера не гласаа и испратија со тоа порака до политичарите. Но знам дека тие граѓани во голем дел се за евроатланска иднина на државата. Нивната порака е примена, но 5 мај е последниот датум за да ја реализираат оваа своја заложба. Имам разбирање и за оние кои гласаа за Река и ја барам нивната подршка во вториот круг бидејќи знам дека и тие ја поддржуваат ЕУ и НАТО иднината на земјата - рече Пендаровски.

За него не е поразително тоа што освоил помалку гласови во првиот круг во однос на изборите во 2014 година, бидејќи оваа влада донела тешки одлуки, како договорите со Бугарија и Грцја и Законот за јазици, што сепак влијае на расположението. Тој не смета дека потфрлила и коалициската ДУИ.

 

Катерина Нешкова