Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци
Претседателите на Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.
На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад.
Полковник Сашо Лафчиски, началник на Одделението за специјални операција при Генералштабот на Армијата на Реублика Македонија за самата вежба појасни дека се работи за демонстрација на боречки вештини и употреба на специјални тимови за решавање заложничка криза.
– Првата вежба беше демонстрација на боречки вештини, додека вториот елемент дел беше покомплексен затоа што покрај специјалните тимови во акцијата како поддршка беше вклучен хеликоптер Ми-17 од Вингот на Армијата, што помогна и при извлекувањето на дел од нуркачите. Гостите од Словенија беа задоволни од демонстрацијата на способноста на двата декларирани тимови за НАТО водени операции, рече Лафчиски.
Претходно Пендаровски и Пахор претходно беа во обиколка на Охрид, при што посетија некои од културно-историските знаменитости во Стариот дел на градот како црквата „Света Богородица Перивлепта“ со Галеријата на икони и катедралната црква „Света Софија“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово