-->
-->
Пендаровски – Хависто: Очекуваме одлука за почеток на преговорите за време на финското претседавање со ЕУ
-->
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Финска Пека Хависто, на која било разговарано за билатералните односи меѓу двете држави и евро-атлантската перспектива.
Пендаровски, информираат од неговиот кабинет, изразил увереност дека за време на актуелното финското претседавање со Советот на ЕУ, ќе биде препознаен напредокот на Северна Македонија и ќе биде вреднуван и потврден со позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
На средбата, Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка на Република Финска на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, нагласувајќи дека евро-атлантската перспектива е гаранција за просперитетот, стабилноста и благостојбата на регионот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина