Пендаровски: Грција вети дека нема да не блокира во НАТО и ЕУ
Критериумот за влез на Македонија во НАТО од 2008 година до денес е решавањето на спорот со Грција. Сега треба да се ориентираме кон тоа што Грција ќе каже во своето писмо испратено до Алијансата, отколку на формулациите кои ги употребува генералниот секретар на НАТО.
Ова денеска го изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на Јенс Столтенберг дека евентуално неуспешен референдум би го загрозило членството на Македонија во НАТО, на дебатата „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“ во Институтот за стратегија и развој.
- Се чека писмото од единствената земја-членка што досега правеше проблеми од нашето зачленување во Алијансата. Треба да ги видиме формулациите внатре. Ветувањата од грчкото Министерство за надворешни работи се дека ќе биде чиста и јасна препораката и за двете организации, не само за НАТО, дека за во НАТО Грција нема да прави проблем да добиеме покана, а за ЕУ нема да прави проблем да почнеме со преговори, рече Пендаровски.
Според него, единствено членството во НАТО е поддржано од сите етнички заедници и тоа претставува најсилен кохезивен фактор во општеството.
- Кога Македонија ќе влезе во НАТО, дефинитивно се затвора прашањето дали ќе ја биде Македонија. Не во смисла дали НАТО ќе застане на нашите граници и ќе не брани од напади, нема да има територијални напади врз Македонија. НАТО е организација во која членуваат најмоќните држави и се разменуваат информации внатре и со заеднички настап се оди контра новите закани, оцени Пендаровски.
Во врска со претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за договорот со Грција, и дали ќе се менува цензусот, тој смета дека „не е добро да се менуваат изборните правила во очи на самиот настан“.
Во однос на зачленувањето во ЕУ, Пендаровски ги оцени како „апсолутно неточни“ шпекулациите дека Унијата ќе даде условена препорака за почеток на преговори, во замена за тоа земјата да отвори бегалски кампови на нејзина територија.
Според него, ЕУ се уште нема заеднички утврдена политика за тоа прашање.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари