Пендаровски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година.
Како што информираат од неговиот кабинет, претседателот Пендаровски истакнал дека годинешниот извештај има особено значење, бидејќи е прв по почетокот на пристапните преговори со Европската Унија и почетокот на скринингот.
–Претседателот Пендаровски оцени дека извештајот дава детална слика за состојбите во општеството, но претставува и патоказ за натамошната работа на институциите и областите во кои ќе треба да се посвети поголемо внимание. Пристапниот процес, според претседателот Пендаровски, налага сите капацитети да бидат насочени кон реализација на потребните реформи и во тој контекст посочи на потребата сите општествени чинители да го дадат својот придонес во овој процес, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Пендаровски порачал дека отворањето на преговорите со Северна Македонија е добра можност Европската Унија да ја демонстрира својата посветеност кон интеграцијата на земјите од Западен Балкан, како најдобар одговор на растечкиот евроскептицизам во регионот.
Ново на Сител
-
Во Македонија се уште е слаб интересот за волонтерство
-
Македонија го чествува „Свети Климент Охридски“
-
Со свечена академија одбележан празникот на Свети Климент Охридски – патрон на градот
-
Падна режимот на Башар Ал Асад, бунтовниците ја превземаа власта
-
Мицкоски смирува, во среда нема да се случи ништо - ДУИ со нови предупредувања
-
Мицкоски: Македонија е на врвот според раст на БДП
-
АХВ ги "чешла" градинките
-
Декември е месец на зголемен број повици кон Брза Помош