Пендаровски го честиташе празникот Свети Сава: Србите се неизоставен дел од мултиетничка Северна Македонија
Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упатува честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, посакувајќи им празникот да го поминат пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.
– Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење, се вели во честитката од Пендаровски по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава.
Посакувам, се вели во честитката од Пендаровски, мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба.
– Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација