Македонија
1. March 2019 - 20:46

Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ

Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21 април. По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат. Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации. Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.