Македонија
15. April 2020 - 10:23

Пендаровски до медицинскиот персонал на Инфективна: Издржете ја оваа битка сите сме со вас

Претседателот Стево Пендаровски преку видео врска оствари разговор со директорката и со дел од вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје.

Притоа, тој беше информиран за моменталната состојба на Инфективната клиника, за бројката на пациенти и нивната здравствена состојба, како и за сместувачките капацитети на оваа институција и за расположливиот медицински персонал.

„Вашата мотивираност, посветеност и пред се, професионалност со која секојдневно ги извршувате обврските во оваа здравствена криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, кај мене и верувам кај сите наши граѓани буди чувство на сигурност и смиреност. Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома кај нивните најблиски. Издржете во оваа битка, сите сме со вас“, им порача Претседателот.