Loading Video...
Свет
5. February 2020 - 16:34

Пелоси го искина говорот на Трамп

Скинатиот говор на Трамп, го засени неговото годишно обраќање пред нацијата. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во знак на протест ја искина копијата од говорот на претседателот, откако тој одби да се ракува со неа.

Ова е прв пат двајцата да се соочат лице во лице. Пелоси позната како највисоката политичарка од редовите на демократите претходно го почна процесот за негово отповикување.

Иако се очекуваше Трамп да зборува токму за обидот на демократите да го тргнат, тој оддржа предизборен говор. Еден час ја фалеше своја администрација и зборуваше за идните планови.

За само три години, го разбивме менталитетот на американското опаѓање, отфрлена е идејата за намаленото остварување кое ни го одреди судбината. Целосно го отфрливме намалувањето. Одиме напред по патека која беше незамислива пред кратко време, и никогаш нема да се вратиме на тоа.

Трамп се осврна и на надворешната политика. Рече дека  САД сака да ги прекине конкликтите  со Ирак и Афганистан, авојниците да се вратат дома. На Иран му порача дека никогаш нема да развие нуклеарно оружје, но и дека е неопходно да се прекине финансирањето на тероризмот. Убиениот ирански генерал Сулејмани повторно го нарече терорист.

Говорот беше прекинуван со аплауз од републиканците, додека демократите молчеа. Според последните анкети тој се уште ужива најголема доверба кај американците 49 проценти, што е највисок процент откако влезе во Белата куќа.