Loading Video...
Кошарка
16. September 2021 - 13:18

Пелистер – МЗТ Скопје А. на стартот на новата сезона во мак-баскетот

На самиот старт на новата сезона во Првата машка македонска кошаркарска лига не очекува дерби. 
 
Дуелот во Битола, меѓу Пелистер и МЗТ Скопје А. Двата најсериозни претенденти за шампионскиот трофеј секако ќе го одбележи првото коло од новата сезона во мак-баскетот, која треба да старува на 2 односно 3 октомври. 
 
12 екипи ќе одиграат 22 кола, по што ќе бидат познати учесниците во Супер лигата, односно оние кои ќе се борат за опстанот. 
 
Покрај дербито во Битола, во првата рунда ќе играат:
 
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
 
Еуро Никел 2005 – Гостивар
 
Куманово 2009 – Ангели
 
Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП
 
Кожув - ТФТ