Пеколот на улиците на овој град е тешко да се замисли: Деца умираат од глад, родителите ги продаваат за секс, во болниците нема лекови

Прегладнети и напуштени деца во делови од Венецуела денес умираат од болести кои вообичаено можат да се излечат и така ја плаќаат цената на неуспешниот социјалистички експеримент.
Секое седмо дете е потхрането затоа што родителските плати едноставно не можат да ги покријат трошоците за живот кои поскапеа до небо.
Болести кои вообичаено се лекуваат и во Венецуела се речиси искоренети, како што се сипаници и дифтерија, сега убиваат деца во оваа напатена латиноамериканска земја. Очајните мајки ги продаваат телата на своите ќерки за да можат да купат храна, а некои родители децата ги оставаат на улица да се грижат сами за себе.
– Венецуела некогаш беше една од најбогатите земји во Латинска Америка. Жителите на другите држави доаѓаа во Каракас затоа што нудевме најдобра здравствена нега во регионот. Сега пациентите не можеме ни да ги нахраниме, раскажува докторот Хунијадес Урбина, директор на детска болница во главниот град на Венецуела.
Болници без рендген и ЦТ
Денес болницата нема ни рендген, ниту ЦТ апарат, девет од 12 операциски сали се затворени, а во функција се само 90 од 400 болнички кревети. Болницата не може да си дозволи лекови така што пациентите умираат ако не ги набават сами.
Венецуела имаше национална програма за вакцинирање против чести детски болести како што се дифтерија, сипаници и ротавирусот, но откако властите порачаа дека повеќе не можат да си дозволат вакцини, дојде до епидемија.
Иако социјалистичкиот режим не открива колку деца загинале минатата година, податоци од 2017 година покажуваат дека стапката на смртност во последните десет години е речиси двојно зголемена.
Сиропиталиштето „Каса де Ана“ им дава засолниште на 27 деца на возраст меѓу три и 17 години кои инаку би завршиле на улица.
Каролина Сантандер
– Екстремната сиромаштија е главната причина поради која децата се тука. Некои се сексуално злоставувани, некои се продвани за пари, а сите се напуштени. Нивните родители не можеле да си дозволат да ги задржат, вели волонтерката Каролина Сантандер.
Сиропиталиштето останува без храна
Меѓу штитениците на Домот е и 11-годишната Анџелика која со своите петмина браќа и сестри е спасена од сиромашен кварт во предградието на Каракас. Пронајдени се гладни, валкани и болни откако родителите ги напуштиле.
Желудникот на девојчето го нападнале паразити, прстите и биле покриени со брадавици и сите деца имале вошки. Иако преживеала пекол, Анџелика не ја симнува насмевката од лицето.
– Кога ќе пораснам сакам да бидам докторка и да им помагам на луѓето, вели девојчето.
Државата на никаков начин не му помага на сиропиталиштетот кое во целост се потпира на работа на волонтери или донации. Наскоро би можело да остане и без плин за готвење, а нивните резерви храна речиси се испразнети.
Дејли Мејл, Лондон
Ново на Сител
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
-

ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина
-

Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан
-

Приведени пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
