Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со Ковид-19
Денешните официјални податоци за состојбата со Ковид-19 потврдуваат дека и во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени, што е 50-ти ден по ред.
Во оваа Општина, која беше првото жариште на опасниот вирус и која еден месец беше во карантин, заедно со соседната општина Центар Жупа, бројката на заразени останува 51, од нив двајца од Општина Центар Жупа. Од вкупната бројка 47 се излекувани, додека четворица починаа.
И покрај тоа од општинскиот Оперативен штаб го повторија апелот граѓаните и деловните објекти строго да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на опасниот вирус,зашто како што додаваат „тој се уште е меѓу нас“.
Во исто време ги замолуваат граѓаните доколку имаат симптоми, како што е висока телесна температура, кашлица, грозница, да се јават во Работната единица за јавно здравје за да им биде земен брис.
Треба да се нагласи фактот дека и во двете општини и понатаму нема меѓусебни посети меѓу роднини, пријатели и соседи, големите празници Велигден и Рамазан Бајрам минаа без вообичаените посети а и ифтарските вечери за време на светиот месец Рамазан беа само во кругот на семејствата.
Во верските објекти иако се отворени ја нема некогашната масовност а од почетокот на пандемијата изостанува и големото присуство на погреби, на кои сега присуствуваат по неколку лица, најблиски роднини на починатиот.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел