Македонија
22. January 2022 - 16:31

Пецаков во изолација - Се проверува дали ќе следува и кривична пријава

Охридскиот градоначалник позитивен, па негативен на Ковид тест. Кирил Пецаков заради патување во странство направил тест кој бил позитивен по завршувањето на празникот Богојавление Водици, со оглед на тоа дека немал никакви симптоми и истиот не го направил од здравствени причини веднаш потоа направил уште еден тест во Центарот за јавно здравје кој бил негативен.

„Со семејството имавме планирано патување во странство од 20 до 23 јануари. Вечерта ми стигна на меил дека јас сум позитивен, а сопругата негативна.  Откако ми стигна до денес немам никаков симптом, а и не сум излегол од дома, и поради тоа што бев убеден дека резултатите не соодветствуваат со мојата здравствена состојба, за 36 саати направив нов ПЦР тест, од истата институција Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид, којшто е негативен“, ни одговори градоначалникот Пецаков.

И секретарот на општина Охрид Александар Китески, исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19, кое, го направил заради патување во странство.

Од државниот здравствен и сантарен инспекторат велат дека дека сеуште важат правилата секој што се тестира до добивање на резултатот треба да биде во изолација.

Со оглед на тоа дека првиот тест кој го направил на 19 јануари бил позитивен градоначалникот на Охрид Пецаков во излација ќе остане до петок 28 јануари.