Пецаков: Автопатот асфалтиран пред 2 месеци, по кој нема сообраќај веќе е оштетен
Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук напиша:
Несудениот автопат Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до с. Подмоље…
Асфалтиран пред 2-3 месеци и притоа по него НЕ се одвива сообраќај, веќе е оштетен на повеќе места, а замислите да беше пуштен во употреба на што ќе личеше…. Најверојатно станува збор за лош квалитет на асфалт, со намалено количество на битумен, меѓутоа затоа постои НАДЗОР или можеби пак НЕ…
Со години е пролонгирана изградба на автопатот и пуштање во употреба, импровизациите во одредени делови при неговата изградба видливи се уште не пуштен во употреба за сообраќај……
Срамота и греота е ова шо го прајте
#ОДГОВОРНОСТЌЕСЕБАРА
#ОДГОВОРНОСТЌЕИМА
Ps.. Битно нов договор за од прилика нови 200 милиони € потпишавте… а ние неспособноста ваша како влада ќе ја трпима на наш грб.
фото: ФБ Кирил Пецаков
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024