Бизнис
26. April 2021 - 21:18

Пазарот на недвижнини не попушта - колку ќе чини метар квадратен станбен простор?

Квадрат во скопски Центар ќе надмине 2000 евра. Цените на становите допрва ќе растат, велат од Градежната комора. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните и работната сила станува се поскапа.

Високата цена на метар квадратен во централното градско подрачје во Скопје ја диктира и недостигот на станови затоа што многу се купува во услови кога малку се гради.

Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки. Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава.