Македонија
26. August 2017 - 16:21

Патот на Македонија до ЕУ води преку НАТО

Патот до ЕУ води преку НАТО . Македонија треба да го искористи вниманието на меѓународната заедница и да продолжи со што побрзи чекори  на итеграцијата.

Овој дел од Европа е чуствителен на безбедносните закани особено поврзани со миграциите и се поголемото руско влијание во регионот.

Дали Македонија ќе стане  дел од НАТО и ЕУ зависи од  од земјите членки и надминувањето на нивните проблеми сметаат експертите.

Работилницата на тема Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на Стабилност за Западен Балкан се фокусира на промовирање на евро-атлантската интеграција како и меѓусебна соработка.