Патот Кочани - Македонска Каменица во прекин, се работи на отстранување на одронот
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) очекуваат до утре да биде отстранет одронот на патот Кочани - Македонска Каменица во близина на село Истибања и да се нормализира сообраќајот што е во прекин од саботата.
- Вчера е направено дополнително минирање на остатокот од ризичната карпа, во текот на денов треба да се утврди дали ќе биде потребно уште едно минирање по што теренот ќе се расчисти и ќе се оспособи патот, велат за МИА од ЈПДП.
Проценките, насоките и активностите на терен ги спроведуваат екипи на ЈПДП, ЈП „Македонија пат“ и Градежниот факултет.
Во активностите е вклучена и градежна механизација на ГП „Гранит“ која таму е присутна поради тековната рехабилитација на патот.
До нормализирање на состојбата и целосно расчистување на одронот, се користи алтернативниот пат Кочани - Виница - Драгобрашта - Бигла- Македонска Каменица.
Одроните се честа причина за прекини на сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица.
Досега се рехабилитирани 80 проценти од предвидените работи за рехабилитација на патот.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани