Патник се обиде во текот на летот да отвори врата и запали цигара
Авион на германската компанија „Луфтхазе“ кој леташе од Минхен за Ванкувер беше принуден да слета во Хамбург, затоа што еден од патниците почна да паничи. обидувајќи се да ја отвори задната врата на леталото на висина од речиси 12.000 метри за да запали цигара, објави „Си-Би-Си Њуз“.
Официјалните ллица на Луфтханзе потврдија дека по инцидентот патникот е изведен од авионот кој морал да сврти од рутата и да слета во Хамбург, како и дека истрагата е во тек.
Според зборовите на патникот Ден Иош во задниот дел на авионот еден маж врескал и викал, обидувајќи се да ја отвори вратата.
- Очигледно и пред летот имало проблеми со него, но сепак одлучиле да полетаат. Претпоставувам дека горе беше се повеќе вознемирен и дека се обидувал да запали цигара. Тој викаше и врескаше, рече Иош.
Иош го пофали пилотот, наведувајќи дека се држел под контрола и бил мирен.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење