-->
-->
Патниците да очекуваат доцнења на германските аеродроми
-->
Патниците да очекуваат доцнења и откажувања на летови на германските аеродроми во Среда поради планираниот штрајк вклучувајќи ги и двата најголеми аеродроми во Франкфурт и Минхен.
Еден од најголемите германски синдикати "Вер.Ди“ (2,2 милиони членови) ги повика своите членови вработени на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Келн/ Бон, Диртмунд и Хановер да започнат штрајк в Среда.
На штрајкот се очекува да се приклучат и членовите на противпожарните бригади, механичарите, шалтерските работници, воздушната контрола и другиот персонал на аеродромите а за во Франкфурт се планирани и големи демонстрации на неколку локации.
Синдикатот бара зголемување на платите во следната рунда на преговорите што се водат со работодавачите. Информацијата за штрајкот што пред време ја објавува синдикатот е со цел да се преупредат патниците да најдат друг начин на патување, велат претставници на организаторот на штрајкот што ќе го блокира германскиот авиотранспорт в Среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија