Македонија
26. September 2016 - 14:25

Патнички воз удрил во автомобил, има повредени

Две лица се повредени во сообраќајката во која патнички воз удрил во автомобил „Голф“ на отворената пруга пред стојалиштето Орешани.

Како што соопшти МВР вчера во 7:20 часот на делот од пругата помеѓу Ново Зелениково и Орешани, се случила железничка незгода во која  патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки во кое имало две непознати лица.

Двете лица од ударот се здобиле со телесни повреди и со екипа на Итна медицинска помош биле пренесени во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За време на увидот железничкиот сообраќај од 7:20 до 10 часот бил во прекин.